633
Најдобриот фудбалер од последното Светско првенство во Русија, Лука Модриќ речиси сигурно е дека ќе ја продолжи кариерата во тимот на Интер.
Италијанските медиуми пренесоа дека хрватскиот репрезентативец ја прифатил понудата од “нераѕурите” и има намера денеска тоа да му го каже на Флорентино Перес.
Модриќ вчера незабележно пристигна во Мадрид по одморот, а утре треба да се појави на тренинзите на тимот.
Тимот од Милано на Модриќ му нуди 10 милиони евра годишна плата, додека пак во Реал Мадрид, Хрватот заработува 7.5 милиони евра.