Крај на една убава авантура: Роберт Редфорд ја завршува актерската кариера

by fokus

Популарниот американски актер, Роберт Редфорд (81) најави дека ја завршува актерската кариера и оти неговиот филм „Старецот и пиштолот“ најверојатно ќе биде  неговата последна улога.

Во интервју за „Ентертејмент Викли“, тој рече дека размислува за пензија, бидејќи се уморил од глумење.

Редфорд, кој овој месец полни 82 години, вели дека глуми од својата 21 година.

– Си помислив, па тоа е доволно… Никогаш не вели никогаш, но речиси сум сигурен дека е готово што се однесува до моето глумење, додава холивудската ѕвезда.

Во неговиот последен филм тој го глуми Форест Такер, вистинска личност, осуденик кој се фалел дека е поуспешен во бегање од Хари Худини. Филмот треба да се појави во киносалите на 28 септември.

Поврзани новости