465
Поранешниот шеф на тајната полиција и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на денешното судско рочиште во предметот за изборни измами „Титаник 2“ истакна дека го разбира обвинето против него, иако, како што рече, воведниот говор на обвинителството бил помешан со политика.
-Повеќе политика отколку право – рече Мијалков, истакнувајќи дека не се чувствува виновен.
Инаку, тој е обвинет за влијание врз одлука на Државната изборна комисија заедно со лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК, кои исто така, пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни.