ВИДЕА Силно невреме го погоди Солун, се спасуваат луѓе заглавени во автомобили

by Fokus

Силно невреме со громотевици, град и пороен дожд го погоди Солун. Спасувачките служби досега добиле над 300 повици за помош и работат на спасување на луѓето кои се заглавени во автомобилите поради високото ниво на водата.

Многу продавници и куќи, како и градското собрание се поплавени поради дождот кој ги претвори улиците во реки.

Поврзани новости