Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот на СЈО „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, како и останатите пет обвинети полициски „алфи“, се повикаа денеска на амнестијата што им ја даде претседателот Ѓорге Иванов, објави „Сакам да кажам“.
Со амнестијата не е опфатен само обвинетиот Јован Боцевски, кого Иванов го испуштил на списокот за спасување на осомничени за криминал од тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ. На 19 јуни, Мијалков се повика на амнестијата на Иванов на судењето за предметот на СЈО „Тврдина-Таргет“.
По година дена од поднесувањето на обвинение, почна судењето на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, на бившиот командант на полициските „Алфи“ Ивица Анчевски – Пуки и на уште петмина припадници за оваа единица за мачење и изживување врз Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година.