Двајцата сведоци ја препознаа Рангелова на денешното судење за насилството во Центар

by fokus

Со сослушување на сведоци почна денешното рочиште за предметот „Шамарите во Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред Општина Центар.

Двата сведока Сашка Ѓошева и Весна Милосавлевска, кои во тоа време биле советнички од редовите на СДСМ изјавија дека на 10 јуни имало организирано напад во Општината од изманипулирана и организирана толпа на граѓани. Двете истакнаа дека меѓу точките од дневен ред на петтата седница на Советот на Општина Центар немало точка за рушење на црквата „Св. Константин и Елена“. Во своите сведочења двете советнички посочија дека полицијата била само нем набљудувач на настаните бидејќи кога било побарано од страна на советниците на СДСМ да бидат заштитени, полицијата одговорила дека нема наредба да делува.

Сведокот Ѓошева меѓу обвинетите кои биле присутни на настанот ги посочи Рангелова и Александар Трајковски, а сведокот Милосавлевска  меѓу обвинетите ги препозна Рангелова, Митко Пецев и Даниел Трифуновски.

Поврзани новости