Мијалков и Камчев зеле станови под кирија во Охрид

by fokus

Поранешниот директорт на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев зеле станови под кирија во Охрид за да го сменат живелиштето од Скопје во туристичкиот град и затворските казни за „Имеприја“ да ги издржуваат во отворениот затвор во Струга.

Ова произлегува од податоците коишто ги доби „Фокус“ од Министерството за внатрешни работи од каде потврдуваат дека и Мијалков и Камчев живеат во станови под закуп.

– Лицето С. М. во Охрид живе во стан под закуп. Лицето Ј.К. има побарано промена на живеалиште од Скопје во Охрид на ден 20.04.2022 година. Лицето е сликано за лична карта на 26.04.2022 година, а истата е подигната на 05.05.2022 година. Лицето во Охрид живее во стан под закуп, се вели во одговорот од МВР за „Фокус“.

Мијалков пак барањето за нова лична карта го поднел на 8 јули, дента кога се спогоди со Обвинителството, а ја добил на 20 јули, односно за 12 дена. Според официјалниот одговор што го добивме од МВР, Мијалков на 8 јули отишол во Охрид и во Отсекот за управни работи поднел барање за промена на живеалиштето и промена на адресата на станот од Скопје во Охрид. Тој приложил документација и по направените проверки донесено било решение за промена на живеалиштето, а личната карта му била издадена за околу десетина дена.

Од МВР тврдат дека промена на живеалиштето за Мијалков и Камчев е спроведена во регуларна постапка во согласност со одредбите од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните на нивно барање со приложување на потребна документација како што е уредено со закон.

Камчев веќе почна да ја издржува затворската казна на 1 јули, треба до одлежи околу седум месеци и да врати пет милиони евра. По неколкумесечни преговори и Мијалков се спогоди за еден од најзначајните случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство. Се договори да лежи три години во затвор и да плати 6 милиони евра во кеш и 30-тина милиони евра во имот.

Како Мијалков и Камчев добија „ол инклузив“ во струшкиот затвор со оглед на тоа дека каде ќе се одлежи затворската казна не се определува само според живеалиштето туку се прави и проценка на ризик?

Фросина ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости