Мијалков бара повисока казна за „Фокус“

by Фокус

Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, е незадоволен од казната која Основниот суд Скопје 2 му ја измери на весникот „Фокус“, во висина од над 9.000 евра, па бара Апелациониот суд да ја досуди максималната казна од 12.000 евра, плус покритие на судските трошоци.

Адвокатот на Мијалков, Антониот Апостолски, ја обжали пресудата на граѓанскиот суд, со која, главната и одговорна уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова, беше казната со казна од 5.000 евра, новинарот Владо Апостолов со 1.000 евра, плус 3.300 евра за судски трошоци, за наводна клевета на Мијалков.

Првиот човек на УБК, е незадоволен и од казната за екс амбасадорот Игор Илиевски, која изнесува 10.000 евра и бара максимални 16.000 евра.

Во жалбата доставена до Апелација, пишува дека досудената казна не е соодветна за сериозноста и степенот на повредата на личните права на Мијалков. Адвокатот, во жалбата, се повикува и на вештачење од лекар специјалист, кое наводно му било направено на Мијалков, но во текот на судскиот процес, до тужените, не беше доставен ваков доказ, а судијката коментираше дека такво вештачење е непотребно. Покрај тоа, Мијалков не се појави ниту на едно од рочиштата, за да сведочи за интензитетот на болката која наводно му била нанесена.

„Дополнително на степенот на повреда на честа и угледот на тужителот со дејствијата преземени од страна на тужителот е тоа дека во самиот вешт наод и мислење, изготвено во текот на постапката од страна на вешто лице, лекар специјалист, во директен разговор со тужителот, е укажано на сериозноста на ситуацијата и личното чувство на понижување и нарушување на честа и угледот на тужителот, особено дека сите негови пријатели, соработници и семејство ги читале сите тие невистини, кои биле искажени од тужениот Игор, без да има некакви докази, а објавени од страна на тужените Апостолов и Костова, без да извршат било каква проверка на фактите, се наведува во жалбата, која Мијалков ја поднел до Апелациониот суд.

Во жалбата, адвокатот на Милајков, Апостолски, констатирал и дека написите, со кој бил „клеветен и навреден“ Милајков, биле објавени во весник кој е познат по тоа што се занимава со владејачките гарнитури?!

Поврзани новости