565
Српскиот тренер од редовите на Болоња, Синиша Михајловиќ денеска ја одржа првата прес-конференција за новинарите, откако во јули објави дека боледува од леукемија.
Тој се заблагодари за поддршката во сите изминати месеци, додавајќи дека поминал низ тежок период.
„Благодарам на сите што ме поддржавте. Се почувствував како дел од големо семејство. Благодарам на навивачите, сите тимови во кои играв и кои ги тренирав. Ме гледаа како човек, а не како фудбалер или тренер. Пред се, благодарам на навивачите на Болоња и на целиот клуб. Најголема желба ми беше да вдишам чист воздух, но не можев“, истакна Михајловиќ.