Турција ќе гради 500 станови за настраданите во Албанија

by fokus

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган најави дека неговата земја ќе изгради 500 станови за жителите во Албанија кои смртоносниот земјотрес од 26 ноември ги остави без покрив над главата.

-Се надеваме дека нашите тимови ќе ја извршат работата на соодветните локации во Албанија и како турски браќа ќе изградиме 500 станови, изјави Ердоган.

Во меѓувреме продолжуваат големите донаците во финасиски средства.

По еден од најбогатите Албанци во светот и вицепремиер и шеф на косовската дипломатија, Беџет Пацоли кој донираше милион евра, средства во износ од 1,5 милиони евра донираше претседателот на компанијата „Кастрати“, Шефќет Кастрати, потоа компанијата „Банкерс“ милион евра, сопственикот на „Балфин груп“Саимир Мане 1,2 милиони, Ватикан 100.000 евра, како и влади на други држави, потоа градови и компании,меѓу кои и од Македонија.

Поврзани новости