Блок: Ги охрабрувам земјите од Западен Балкан да го продолжат реформскиот пат

by fokus

Поддршката на Холандија за перспективата за интеграција на Западен Балкан во ЕУ е конзистентна. Тоа е причината зошто инсистираме на меритократски пристап кон проширувањето, заснован на вистински напредок во спроведувањето на реформите, вели министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок во интервју за грчкиот весник „Катимерини”, додавајќи дека токму ова е и неговата порака кога ги посетува земјите кандидати.

– ЕУ е основана врз база на владеење на правото. Цврст систем на спроведување на владеењето на правото е камен-темелник на секоја демократија, но исто така е и клучот за економскиот раст: обезбедува сигурност што е неопходен предуслов за инвестиции. Затоа ќе продолжам да ја потенцирам важноста на напредокот во оваа област. Новите француски предлози сметам дека се интересни и за нив треба да дискутираат земјите членки. Се надевам дека ќе можеме да започнеме со оваа дискусија што е можно поскоро. Но, би сакал да истакнам дека квалитетот на оваа дискусија е поважен од брзината. Во меѓувреме, сакам да ги охрабрам земјите од Западен Балкан да го продолжат нивниот реформски пат, вели Блок.

Како што јави дописничката на МИА, шефот на холандската дипломатија вчера во Атина се сретна со неговиот грчки колега Никос Дендиас, при што една од темите за кои разговараа беше и европската перспектива на Македонија и Албанија.

Поврзани новости