720
Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да им пружи целосна правна помош за остварување на правна заштита на сите лица кои што се жртви на самоволието на СДСМ, со противзаконските дејствија кои ги преземаат и со кои грубо ги повредуваат основните права на лица загарантирани со Уставот и со законите, изјави Михајло Маневски, поранешен министер за правда на трибина организирана од Правната комисија на ВМРО ДПМНЕ.
Според него. многу лици се менуваат незаконски, се распределуваат на други работни места, добиваат многу пониски плати од тие што ги заслужуваат, изложени се на мобинг, на уцени, што ги прекршува основните елементарни права на човекот.