Премиерот Заев ја бодри Македонија во Хаифа

by Fokus

Премиерот на Република Македонија, кој со владина и бизнис делегација е во работна посета на Израел, не ја пропушти можноста да дојде на стадионот „Сами Офер“ и да им даде поддршка на македонските фудбалери на квалификацискиот натпревар против Израел.

„Пристигнав во Израел заедно со голема владина и бизнис делегација, на покана на мојот колега премиерот Бенџамин Нетанјаху. Вечерва ќе го проследам фудбалскиот натпревар Израел – Македонија, а во следните два дена ќе остварам средби и разговори на економски и безбедносни теми од интерес на нашите држави“  најави претходно Заев.

Фото: Екипа.мк

Поврзани новости