Нови нереди имало денеска на македонско-грчката граница. Економските мигранти револтирани зошто Македонија ја прифатила одлуката на ЕУ да се пропуштаат само бегалци од земјите каде има војна, со ножици ја сечеле оградата која армијата ја постави ја македонско-грчката граница.
Мигрантите на најразлични начини се обидуваат да ја преминат оградата и да влезат на македонска територија. По вчерашните судири меѓу бегалците од Сирија и мигрантите од Иран, Пакистан, Мароко, Сомалија и Непал, и денеска имало Котата 59 на меѓуграничниот простор. Тоа предизвикало времено затворање на границата и ниту бегалците кои се пропуштаат во Македонија, не можеле да ја преминат границата.
Економските мигранти на кои не им се дозволува влез, поставиле и блокади за да не можат ниту бегалците кои доаѓаат од воените жаришта да ја преминат границата и извикувале „Ако не можеме ние, нема ни тие!“.