Нема напредок во преговорите за медиумите

by Фокус 18:46
18:46

Откако денеска ВМРО-ДПМНЕ се врати во преговорите за Законот за медиуми и за другите прашања поврзани со медиумскиот систем, на новата средба на политичките партии не беше постигнат напредок по ова прашање, односно немаше доближување на ставовите на власта и опозицијата.

На денешната средба се разговарало за како да се реформира Агенцијата надлежна за работата на електронските медиуми, како и за Програмскиот совет на Македонската радио телевизија.

- Advertisements -

Пред средбата, ВМРО-ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија ја достават свои предлози за Законот за медиуми и уште еднаш нагласи дека за нив не е прифатлив предлогот на посредникот Питер Ванхојте.

Поврзани новости