Мигрантите седеле на шините кога возот ги прегазил

by Фокус

-Четиринаесетмината Авганистанци и Сомалијци кои загинаа, седеле на шините заедно со другите од групата кога возот удрил во нив. За разлика од другите, тие не успеале да скокнат и да се спасат, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Машиновозачот кога ја забележал групата која седела на шините во должина од стотина метри, почнал да кочи и да свири. Дел од мигрантите успеале да скокнат настрана и да се спасат, а еден дел останале на пругата и локомотивата ги удрила.

При увидот извршен од СВР Велес, телата на загинатите Авганистанци и Сомалијци биле откриени во должина од 150 метри по пругата.

Поврзани новости