Мигрантите го напуштиле привремениот камп во Грција

by fokus

Последните 60 од околу 1.000 мигранти кои три дена протестираа и се судираа со грчката полиција го напуштиле привремениот камп во Дијавата на северот на Грција.

Мигрантите се судираа со полицијата, бидејќи поверувале на лажните вести на социјалните медиуми дека патот кон Европа бил повторно отворен за мигранти и оти автобуси на невладини организации ги чекаат на другата страна на границата со Северна Македонија, околу 60 километри од Дијавата.

Полицијата приведе неколкумина од мигрантите кои немале валидни документи.

Поврзани новости