МИА: Тоа беше технички пропуст на секојдневното работење

by Фокус

Откако на МИА излезе вест со назнака „Не пуштај“, а СДСМ обвини дека со тоа цензурата во МИА излегла на виделина, со реакција излезе и државната информативна агенција, кој вели дека кај нив нема цензура и немале волја да влегуваа во расправии поради „клеветничкото соопштение“ на СДСМ.

-Еден технички пропуст од технологијата на секојдневното работење на МИА е повод за грст тешки и навредливи зборови срочени во нивното сопштение. Значи, велиме технички пропуст.Технологијата на нашето работење е на вестите кои се во обработка да се стави назнака „не пуштај“, која стои се до нивното конечно оформување. Таквата назнака се брише при објавувањето. Овојпат направен е превид и не е избришана назнаката и веста е ОБЈАВЕНА и ставена на интернет страницата на МИА и дистрибуирана до сите наши корисници, се вели во реакцијата на МИА.

Велат дека тоа што веста е објавена значи дека нема цензура и додаваат дека и понатаму ќе продолжеле најпрофесионално да ја извршува својата функција, подготовка и обработка на вести за потребите на корисниците.

 

Поврзани новости