Професорскиот пленум е против основање на два нови универзитети

by Фокус

Професорскиот пленум смета дека одлуките на Владата за формирање на два нови универзитета се погрешни, штетни и сериозно проблематични. Поради тоа, бараат поништување на овие одлуки.

-Сметаме дека со ваквите одлуки уште повеќе ќе се корпоративизира високото образование и сите јавни добра полека стануваат сопственост на Владата на Р Македонија. Имено, со ваквите одлуки се чини дека Владата на Р Македонија заедно со Министерството за образование и наука сака да ги разори постоечките универзитети и високообразовни институции кои со децении создаваат квалитетни кадри и да ја уништи традицијата на воспоставување стандарди во високото образование во Република Македонија, велат од Професорскиот пленум.

Како причини дека нема потреба од два нови универзитети наведуваат дека со овој степен на задолженост Македонија нема да може да финансира седум државни универзитети, поради иселувањето, во Македонија нема доволен број на студенти, а и постоечките универзитети не можат да ги пополнат квотите, како и дека не е направена соодветна анализа за потребите за кадрите кои би произлегле од новите универзитети.

Поврзани новости