СДСМ: МИА да каже по чии налог требало да ја цензурира веста

by Фокус

Цензурата од државната агенција МИА на веста дека Стразбур пресудил оштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски ја прели чашата на пропагандата на Груевски, пропагандата почна самата да се разоткрива, реагираат од СДСМ.

-Државната информативна агенција МИА којашто ја плаќаат граѓаните се обидела да сокрие информација од истите тие граѓани. Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд Ивановски. Веста за цензурата во МИА излезе во јавност, како што излегоа и милионите на Кирир, Република, Радио Слободна Македонија, Сител, Кана 5, Алфа…Овој случај е уште еден доказ дека медиумите, вклучувајки ги и јавните медиумски сервиси се под тотална контрола на власта и дека е неопходна медиумска регулација, стои во реакцијата на СДСМ.

Оваа реакција доаѓа откако на државната информативна агенција МИА беше објавена веста, за тоа дека Стразбур пресудил во корист на претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, со назнака „Не пуштај“.

Поврзани новости