Откако Зоран Ставрески си поднесе оставка од позицијата во Владата, МИА јавува дека на позицијата нов министер за финансии, премиерот Димитриев ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи, Кирил Миновски.
Тој има 17 годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13 годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton) во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.
Пред раководењето на Управата за јавни приходи, Миновски во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.