Завршија билатералните средби со амбасадорите

by fokus

Попладнево во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав се одржаа билатерални средби помеѓу претставници на политичките партии потписнички на Договорот од Прижино и амбасадорите Аиво Орав и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Овие одвоени средби треба да го подготват теренот за одржување на лидерска средба на лидерите на најголемите четири партии. Денеска претставници на партиите беа Радмила Шеќеринска на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Тодоров, на ДУИ- Артан Груби и од ДПА- Имер Алиу.

На средбите се разговарало за утврдување на датмот за избори и утврдување на форматот на владата која ќе треба да ги спроведе изборите.

Поврзани новости