Ставрески: Советите на лекарите се дека ми е неопходно подолго лекување

by fokus 14:46
14:46

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, во писмената оставка наведува дека ја напушта функцијата поради здравствени причини.

-Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија, пишува Ставрески во оставката.

Во писмената оставка доставена до Владата, тој се заблагодари и на плодната и професионална соработка со поранешниот премиер и негов кумашин, Никола Груевски.

-Со него имав одлична соработка и голема поддршка. Заеднички со него и со другите колеги од Владата направивме економски резултати за Македонија како никогаш досега, признаени и потврдени од најзначајните меѓународни финансиски институции, вели Ставрески во оставката.

Поврзани новости