Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртва, страшно сведочење на девојче од училиштето во Белград

by fokus

Почна да пука по случаен избор, легнав врз двајца наши пријатели за да помисли дека и јас сум мртва…

Со овие зборови драматичните моменти од пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ ги опишува ученичка од ова училиште, која присуствувала на крвавиот пир во училиштетот во Врачар. Вооруженото момче влегло на час по историја.

„Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво ја застрелал наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши пријатели, јас бев легната преку нив за да мисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрели уште се слушаа, рекло девојчето.

Според неофицијални информации, има шест мртви, меѓу кои и деца и чуварот, но бројот на загинати се уште официјално не потврден.

Поврзани новости