Од Министерството за финансии апелираат сите поплавени семејства кои веќе еднаш ги контактирале да им остават простор на останатите да се јават, бидејќи како што велат, огромниот број на повици ја блокирале телефонската централа.
Исто така, Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака со име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на следниот број: 070 271 410
Податоците и нивниот телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk
Од Министерството за финансии додаваат дека сите лица што биле евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно динамиката со која што податоците стигнуваат во Министерството за финансии.