Николовски: Кривична пријава за Цветков поради неисчистените одводи

by fokus 20:02
20:02

Членот на извршниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски тврди дека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта,додека каналите останаале неисчистени.

Николовски инфомира дека за овие злоупотреби веќе поднеле кривична пријава за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

-Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки три милиони евра, потврди и Државниот ревизор. На сомнителен начин парите завршиле во нечии џепови наместо за чистење на каналите. Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба, да направат и да достават записник – рече Николовски.

Тој посочи дека ако каналите за одводнување беа исчистени и одржувани, катастрофата што ги зафати граѓаните од околината на Скопје ќе беше многу помала со многу помали последици,

Поврзани новости