Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

by fokus

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник доаѓа во Македонија, информираа од американската амбасада.

-Палмер, ќе дотпатува за Македонија во понеделник 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција и  и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставниците на владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, соопштија од амбасадата.

Поврзани новости