Груевски најави нови обвиненија од СЈО

by fokus 18:29
18:29

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вчерашниот митинг во скопската општина Кисела Вода, рече дека очекува Специјалното јавно обвинителство да излезе со нови обвиненија пред изборите, па им порача на своите следбеници „да останат со ладни глави” и да не веруваат во ништо што ќе чујат.

– Немојте да се изненадите ако во овие денови го повикаат СЈО на помош и да смислат некакви истраги, обвиненија и нови лаги. Се ќе направат овие денови само за да дојдат до глас повеќе, рече Груевски.

- Advertisements -

Тој обвини дека СЈО е само алатка на СДСМ за да дојде на власт, а најавите на опозицијата за продолжување на мандатот на СЈО го оцени како обид за продлжување на кризата.

– Треба да внимаваме и да останеме со ладни глави. Ќе има многу обиди за провокации, многу обиди да се извалка кампањата и многу обиди потоа да си најдат алиби зошто загубиле. Треба многу внимавање, рече Груевски.

Поврзани новости