Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) денеска излезе со поддршка за Наставничкиот пленум и нивната борба за одбрана на достоинсвото и работничките права. Ставот на овој синдикат е дека состојбата со вработените во образованието е алармантна, постојано се експериментира во образованието и тоа резултира со намалување на квалитетот на образовниот процес и кршење на правата и достоинството на наставниците.
-Наставничкиот пленум го изразува изворниот револт кој постои кај наставниците од основното и среното ообразование и ние, како и секогаш, го поддржуваме секој автентичен начин на борба за одбрана на достоинсвото и работничките права на вработените во образованието, изјави генералниот секретар на МЕСО, Здравко Савески.
Претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ рече дека ставот на СОНК дека протестот на Наставничкиот пленум е политички мотивиран, допринел за нарушување на позитивното мислење за Синдикатот.