Ангелов поднесе кривична пријава против обвинителот Зврлевски

by Фокус

Претседателот на „Достоинство“, генералот Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава и против Јавниот обвинител, Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и овластување, спречување пристап до јавен информатички систем и за повредување на рамноправноста на граѓаните.

Според Ангелов, овие дела обвинителот ги сторил  со тоа што издал нелегитимно соопштение со кое ги спречил медиумите да ги објавуваат снимените разговори што ги објавува СДСМ.

– Во својство на службено лице пријавениот Марко Зврлевски ја искористил својата службена положба и упатил јавно соопштениое со што директно им забранил на медиумите да ги објавуваат снимените разговори на кои се слуша како претседателот на Владата, министерот во Владата и други државни функционери се договараат да извршуваат или извршиле, изборен криминал, корупција и пречекорување на овластувањата. Марко Зврлевски ја злоупотребил својата положба и со незаконито соопштение ги спречил македонските граѓани во пристапот до информатички систем – изјави Ангелов денеска пред Јавното обвинителство.

Поврзани новости