Меси, дојди во Астон Вила – повик од Мартинез за славниот сонародник

by Fokus

Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, доби покана да игра во Премиерлигата. Го повика голманот на Астон Вила, неговиот сонародник Емилијано Мартинез, и тоа на оригинален начин.

– Другар, дојди во Астон Вила. Дојди да се дружиме, јадеме и пиеме `асадо`. Ќе се откажам од дел од платата, ќе се трудиме, ќе бидеме добри – изјави голманот на клубот од Бирмингем.

Останува да видиме дали Меси ќе го следи своето срце, или ќе ги следи парите.

Меси има астрономска понуда од Ал Хилал, го посакуваат и тимовите од МЛС лигата во САД, а има и шанси да се врати во Барселона, но и во татковината.

Меси и Мартинез успеаја да се закитат со божицата на Светското првенство во Катар, а дали напаѓачот ќе реши да се проба на Островот во доцните играчки години, ќе видиме по отворањето на летниот пазар.

Поврзани новости