Мерц: Помошта за Киев е услов за поддршка на буџетот на Унијата

by irena 21:19
21:19

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема да го поддржи усвојувањето на следниот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028–2034 година, освен ако сите земји-членки не се обврзат на континуирано финансирање на Украина, пишува весникот „Фајненшел тајмс“.

Ова се наведува во писмото на Мерц до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, до кое весникот имал пристап.

Германскиот канцелар ја услови поддршката за идниот буџет на ЕУ со постигнување договор меѓу сите членки на Унијата за покривање на финансиските потреби на Украина, со оглед на тоа што следната година земјата се соочува со недостиг од 70 милијарди евра.

Во писмото, Мерц укажува на потребата да се најде решение кое ќе ѝ обезбеди на Украина долгорочна финансиска поддршка, особено за сервисирање на постоечките долгови.

Прашањето за продолжување на финансирањето на Украина останува една од клучните точки на дневниот ред пред средбата на лидерите на ЕУ во Даблин, која ќе се одржи во четврток и петок.

На Киев следната година ќе му бидат потребни дополнителни 70 милијарди евра, и покрај претходно договорениот заем од ЕУ во износ од 90 милијарди евра.

Слични вести