Мерко ги предаде ингеренциите за урбанизам на Владата, бил притиснат од бизнис заедницата и од Унеско

by fokus

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко преку писмо адресирано до премиерот Зоран Заев се откажа од низа надлежности врз општината и бара Владата да почне да раководи со градот Струга.

Во писмото вели на ваква постапка се решил оти бил притиснат од бизнис заедницата и туристичките работници од една страна и од друга министерството за транспорт и врски кое заедно со Унеско ги принудувале градежните компании да ги затворат и да се откажат од инвестициите во туризмот и хотелиерството.

-Јас како градоначалник на Општина Струга имајќи ги во предвид и последните политички случувања и политичката состојба во државата одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизамот, во делот на издавање на дозволи за градба, во делот на легализација на објектите во делот на издавање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, пишува Мерко во писмото.

Тој вчера пријавил во полиција и дека добивал закани по живот.

Поврзани новости