Затворените трговски центри и продавниците се уште работат со намален промет до 40 проценти заради потребната вакцинација при влез на купувачите. Во споредба со регионот вакви мерки за вакцинирани и невакцирани во трговските центри нема. Македонските трговци сериозно се загрижени за секојдневното функционирање на своите бизниси.
– Во нашите продавници постојано е празно, на овој начин ние нема да може да генерираме средства. Треба сериозно да се размисли на кој начин ќе се функционира. Мерките кои се донесени штетат на економијата и тоа влева страв кај нашите вработени, се соочуваме со сериозен економски пад. Потребно е да се најде начин како купувачите да ги вратиме повторно во трговските и продавниците, велат од Фешн Груп.
Оттаму додаваат дека во продавниците и затворените трговски центри секојдневно се почитуваат протоколите и мерки на претпазливост, поточно задолжително се носат маски, има ограничувања на бројот на посетители, редарска служба, сигнализации за одржување на растојание како и одредување насока на движење, достапност и распоред на средства за дезинфекција, редовна хигиена и дезинфекција на сите системи за вентилација.
– Мерките се почитуваат и нема исклучоци, мора секојдневно да внимаваме бидејќи здравјето на вработените и купувачите нам ни е на прво место. Затоа константно внимаваме на сите протоколи. Би сакале уште еднаш Комисијата и Владата да ги разгледаат моменталните мерки, доколку не се најде решение во спротивно ќе треба да се овозможи финансиски пакет мерки кон нас продавниците и трговските, реагираат од трговските центри.
Владата изминатата недела изјави дека Комисијата за заразни болести мерките за прикажување на вакцинација на влез си остануваат исти.