Мерки за возачот што го згази Јорго Ќука – нема да може да ја напушти земјата, притвор не е определен

by irena 15:13
15:13

Кривичниот суд соопшти дека е прифатен нивниот предлог за определување мерки на претпазливост против лицето кое го прегази Јорго Ќука.

Според информациите, на осомничениот му е изречена забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Судот образложува дека овие мерки се предложени со цел да се обезбеди присуството на осомничениот во текот на постапката и да се спречи можност за бегство или влијание врз сведоци.

Слични вести