Мерки за почист воздух: Од јануари прочистувачи на воздух во училниците

by fokus 12:02
12:02

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, денеска најави дека се очекува во текот на јануари дел од средните училишта да бидат со прочистувачи на воздух во училниците со што училиштата би биле поздрава средина за децата.

Според него, Скопје плаќа сметка за повеќедецениската целосна несериозност и негрижа за здравата животна средина.

- Advertisements -
Banner 300x250_

– Градењето насекаде и на секој можен начин, масовното уништување на зеленилото особено во централното градско подрачје, некреирањето политики и стратегии во изминатиот период е данокот кој го плаќаат граѓаните за жал во средината во која што живееме, рече градоначалникот Шилегов.

Тод додаде дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што потенцира, да се стопира дивеењето во градбата. Додаде и дека како мерка против загадувањето е о акцијата која неодамна започна за чистење на главниот град.

 

 

Поврзани новости