Мицковки собрал потписи за кандидатура на конгресот на ВМРО, дел од ветераните го поддржуваат да биде нов лидер

by Фокус
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ги собрал потребните потписи за кандидатура за нов партиски лидер на претстојниот конрес на 22 и 23 декември во Валандово, потврди за Фокус Мане Јаковлески од партиската Унија на ветерани, кој веќе му ја дал поддршката токму на Мицковски.
– Мицковски веќе ги собра потребните 30 потписи за кандидатура на конгресот, па мислам и дека многу повеќе од тоа. Јас лично сметам дека треба да го поддржам него како најсоодветна личност, а истото го мислат и поголем број на ветераните. Барем оние со кои сум разговарал и сум во контакт – вели Јаковлески.
Според него, се уште актуелниот лидер Никола Груевски не сака да се меша во внатрепартискиот натпревар за негов наследник и, како што истакнува тој, на ниту еден начин не сугерирал до делегатите кого да изберат за нов партиски лидер.
В.С.

Поврзани новости