„Не постои таков ѕид ,не знам колку широк и висок што не може да се пробие“, рече германската канцеларка, говорејќи во т.н. Капелата на помирувањето, која се наоѓа на местото на некогашниот еродиран простор од Берлинскиот ѕид.

Таа потсети дека, до 1985 година, на ова место стоела Црквата на помирување, која била срушена од властите , затоа што пречела  во граничната контрола на Западен Берлин.

„Тоа не беше ништо повеќе од чин на омаловажување на човечкото достоинство“, рече Ангела Меркел, која до 1990 година, и самата беше источногерманска државјанка.

Обраќајќи им се на гостите во Меморијалниот центар Бернауер Страз, во кој беа вклучени шефовите на држави и влади на источноевропската унија, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, германската канцеларка се сети и на убиените во обидот да го преминат Берлинскиот ѕид.

„Се потсетуваме на оние што беа убиени на ѕидот само затоа што сакаа слобода“, рече Меркел, укажувајќи на 75.000 приведени во ДДР за обидот да избегаат кон Запад.

Германската канцеларка потсети и на други историски настани што се случија на 9 ноември, како што се т.н. Кристална ноќ кога почна организираниот прогон на Евреите  со палењето на синагогата во 1938 година.

„Ние секогаш мора да се бориме за достигнувањата на обединета Европа, како што е демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права“, рече Меркел, која заклучи дека борбата е „поактуелна од кога било“ во време на глобалните промени.

Комеморацијата на Бернауер Страз е една од манифестациите за 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Вечерва ќе се одржи централната церемонија пред Бранденбуршката порта , а ќе зборува и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.