Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска на регионалната конференција на нејзината партија ЦДУ во Дармштад, предупреди дека се можни воени судири на Балканот доколку Германија ги затвори границите за бегалците од средниот Исток.
-На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму повторно да избијат воени судири. Од кавгата се создава конфликт од што може да се развие нешто што никој не го сака. Иако приливот на бегалците преку балканските земји досега беше голем, но ситуацијата не ескалираше, рече Меркел.
Таа ги убедуваше своите сонародници дека Германија како влијателна држава мора да предлага решенија за кризата, а не со постапки на границата да ја влоши состојбата. Откако почна бегалската криза, популарноста на Меркел е во опаѓање, а доби околу 400-тини тужби за велепредавтство од германските ултра десничари кои ја обвинуваат дека со политиката на отворени врати ја ослабува Германија.