Алтхаузер: Специјалното обвинителство е доказ дека судството не е независно

by Фокус

Германската амбасадорка во Македонија, Кристина Алтхаузер, на денешната дебата во Скопје на тема (не)зависноста на македонското судство истакна дека се забележува дека нема рамнотежа меѓу законодавството и извршната власт, а посочи дека правосудството е единствен правен лек за граѓаните од закана од кој било извор.

-Фактот што специјален јавен обвинител треба да работи на случаи кои во други земји се вршат во обичните обвинителства покажува дека нема доволна независност, рече Алтхаузер.

Таа го критикуваше и Собранието, за кое рече дека иако опозицијата се вратила, нема важни легислативни иницијативи. Се осврна и на ситуацијата со медиумите при што истакна дека во Македонија има новинари кои не ни можат да се наречат дека се тоа.

Поврзани новости