Меркел побарала од Путин да го ослободи Навални

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната средба во Кремљ со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување од од затвор на неговиот политички противник Алексеј Навални, по повод годишнината од труењето на опозицискиот лидер.

-Инсистирав рускиот претседател да го ослободи Навални, рече Меркел од Кремљ, пренесуваат француските медиуми.

Путин негираше дека Навални е зад решетки заради неговите политички активности.

Рускиот претседател , од своја страна, денеска ја повика светската заедница да го спречи „распаѓањето“ на Авганистан и предупреди на „терористите“ кои влегуваат во соседните земји, вклучувајќи и под превезот на бегалци.

На прес -конференција со германската канцеларка Меркел во Кремљ тој, исто така, се изјасни против наметнувањето на „надворешните вредности“ врз оваа земја, уништена од долготрајниот конфликт.

Поврзани новости