Меркел: Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе ја блокира С Македонија

by fokus

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлиснкиот процес.

-Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Иднината на регионот е во ЕУ и тоа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ, рече Меркел.

Меѓу тешкотиите со кои во моментов се соочува регионот Меркел наведе три работи: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во Босна и Херцеговина, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија.

На прес – конференција по Самитот, Меркел соопшти дека Германија ќе им даде три милиони дози вакцини против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан и тоа што е можно побрзо.

Поврзани новости