Двајца кандидати од СДСМ за Аеродром – Златко Марин и Александар Филиповски

by fokus

Актуелниот градоначалник на скопската општина Аеродром и членот на општинската организација на СДСМ Аеродром денеска објавија дека поднеле кандидатури за градоначалничкото место во скопската општина.
Својата кандидатура прв ја објави Филиповски која напиша дека има поддршка од членовите на месните комитети.

-Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром. Време е за нова енергија – заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром. Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации, онјави Филиповски на Фејсбук.

Неколку часа подоцна кандидатурата ја објави и актуелниот градоначалник Марин.

-Во првиот мандат како градоначалник на Општина Аеродром ми беа потребни многу труд, време и енергија да се согледаат низата пропусти, аномалии, а воедно и да се постават вистинските цели, визии како и главната мисија со која веќе се промовираме како Општина лидер во земјата и во регионот со сигурна европска иднина. Затоа, гледам многу причини заедно со жителите на Општина Аеродром да продолжиме да го одиме овој пат, изјави Марин.

Од СДСМ најавија дека првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули на седница на партиското раководство.

Поврзани новости