Меркел му честиташе на Заев: Од клучно значење е да продолжите со реформите

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република Северна Македонија.

„Ви честитам за реизборот за премиер на Република Северна Македонија. Северна Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски и како сојузници во НАТО“, нагласува таа во честитката.

Меркел посочи дека германската влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската Унија.

„Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите“,
вели Меркел, посакувајќи му на Заев среќа и успех во неговата одговорна задача.

Поврзани новости