Земјотрес ги исплаши жителите на Пијанечко-малешевскиот регион

by fokus

Земјотрес со средна јачина денеска околу 13:30 часот почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион. Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

– Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев имав чувство дека нешто ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци, за МИА.

Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.
Според неофицијални податоци земјотресот е регистриран на околу 10 километри од Берово каде исто така предизвикал немир меѓу населението.

Поврзани новости