Меркел ќе ја прими вакцината на Астра Зенека

by Fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на Астра Зенека против коронавирусот.

Според германскиот дневен весник „Велт“, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на Астра Зенека, со цел да се зголеми довербата во вакцината на Оксфорд низ цела Европска унија.

Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина во Германија.

Поврзани новости