МЕПСО ја заврши изградбата на новиот 400 киловатен далекувод од Штип до македонско-српска граница. Наредниот период ќе се заврши и неговото поврзување во мрежата.
До крајот на месецов се очекува далекуводот да почне со работа и да биде ставен по напон со што ќе се поврзат електропреносните системи на Македонија и на Србија.
-Ќе се зголеми преносната на нашиот електропреносен систем, а во идно време очекуваме на овој далекувод да биде поврзана идната трансформаторска станица во близина на Куманово, со што ќе бидат подобрени напонските прилики во североисточниот дел на Република Македонија. Вредноста на далекуводот ја надминува цифрата од еден милион евра, а градбата е фининансирана со средства од Светска банка, изјави директорот на МЕПСО, Синиша Спасов.