Сите оптимисти по враќањето на Ванхојте од Брисел

by Фокус

По дополнителните консултации кои посредникот во преговорите за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхјоте, ги имаше викендов од Брисел, сите партии се оптимисти дека во наредниве неколку дена може да се дојде до конечен договор. Оптимизмот доаѓа по денешните консултации, односно билатерални средби кои партиите ги имале со Ванхојте.

Пред заминувањето за Брисел, Ванхојте подготвил нов предлог-закон за влада, но партиите не успеаја да ги усогласат ставовите. Проблем се надлежностите кои треба да ги имаат министрите од СДСМ, за чии избор рокот истече на 20 октомври.

СДСМ бара нивните министри да имаат надлежности како и сите други министри, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека министрите од редовите на опозицијата треба да имаат само техничка улога со ограничени ингеренции.

Се уште не се усогласени ставовите и за изборот на преостанатите седум помошници обвинители на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости