Мемети: Во затворот Идризово владее корупција, условите се нечовечки и затворениците спијат на кревети без душек

by fokus

Народниот правобранител, Иџет Мемети денеска на прес-конференција, презентирајќи го годишниот извештај рече дека условите во кои живеат осудениците во затворот Идризово се крајно понижувачки, нехумани, нечовечки и деградирачки.

„Во затворот се сместени 1966 лица, што е дупло повеќе од капацитетите. Во страшна состојба се и приемното и амбулантното одделение. Во приемното одделение нема прозори и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат од сите страни”, рече Мемети.

Правобранителот соопшти дека во затворот владее корупција и дека со пари затворениците можат да купат мобилни телефони, кревети, други подобности и дрога.

Мемети додаде дека посета извршиле и во 8 полициски станици од кои само една ги исполнувала минималните услови. Во овој извештај се направени вкупно 50 посети од кои 4 во казнено поправни установи, 8 во полициски станици, 1 во заводот во Демир Капија и 37 во центрите за згрижување бегалци.

Поврзани новости