568
Народниот правобранител Иџет Мехмети денеска го презентираше годишниот извештај според кој Македонија во споредба со минатата година не само што не напредува, туку напротив има стагнација и назадувања.
-Институциите не соработуваат доволно со Омбудсманот и се уште имаме исполитизирани и нефункционални институции кои спроведувале и партиски агенди, вели Мемети.
Тој истакна дека констатирана е и прекумерна употреба на сила на затворската полиција, како и полициска бруталност особено за време на протестите на Шарената револуција.